Меѓународниот филмски фестивал во Берлин беше отворен со филмот “Догледање, кралице” на францускиот режисер Бено Жако.
За Златна мечка оваа година ќе се натпреваруваат 18 филмови, додека режисерското деби на Анџелина Џоли “Во земјата на крв и мед” ќе биде прикажан надвор од натпревраувачката селекција.
Во натпреварувачкиот дел ќе бидат прикажани филмовите “Барбара” на Кристијан Пеколда, “Цезар мора да умре” од Паоло и Викторија Тавијани, “Заробеници” од Брилјант Мендоза, “Автомобилот на Џејн Менсфилд” и уште многу други.
Надвор од натпреварувачкиот дел ќе бидат прикажани филмовите “Бел Ами” од Деклан Донелан и Ник Ормерод, “Исклучително гласно и неверојатно блиску” со Том Хенкс и Сандра Булок.
Како посебена филмски проекции најавени се филмовите, “Предавство” на Стивен Содерберг и “Челичната дама” со Мерил Стрип.
Инаку се очекува да пристигнат Анџелина Џоли, Мерил Стрип, Ума Турман, Роберт Патинсон, Антонио Бандерас и Кристијан Бејл, кои во главниот град на Германија ќе ги претстават своите нови филмови.
Минатата година главната награда на фестивалот ја доби филмот “Развод: Надер и Симин” на режисерот Фархад Асгари, кој оваа година е еден од членовите на жирито со кое претседава британскиот режисер Мајк Ли.
На американска актерка Мерил Стрип ќе и биде доделена награда за животно дело.
Филмскиот фестивал ќе трае до 19 февруари.