Запознајте ги најскапите марини и најексклузивните одмаралишта…

popara4 јули, 20122min00
reer

Никогаш доста од убави нешта, луксузни дестинации и вртоглави ексклузивни објекти…

Овој пат Ви претставуваме марини и одмаралишта, опишани  во нивната суперлативна форма, кои се вредни за посета:

1. Капри, Италија

Просечната дневна влезница за јахта изнесува 2.900 евра, а просечната цена на локалните недвижности е 11.688 евра за метар квадратен. Местата на оваа марина мора да се резервираат неколку месеци однапред и не се достапни за продажба и годишен наем. Најатрактивна е во текот на регатата Rolex Capri Sailing Week. Италијанските брендови Prada, Ferragamo, Versace и Gucci се достапни во локалните продавници. Том Круз, Харисон Форд, Џулија Робертс и Кијану Ривс се само некои од ѕвездите кои го посетуваат ова место секоја година.

2. Porto Cervo, Сардинија, Италија

Просечната дневна влезница за јахтата изнесува 2. 500 евра, а на располагање се 60 места. Просечната цена на локалните недвижнини е 9. 500 евра за метар квадратен. Одличен период за посета се саемот Deluxe во Јуни и Maxi Yacht Rolex Cup регатата во септември. Годишниот надомест за превоз на бродови од 40 метри чини околу 115.000 евра. Фантастичниот Porto Cervo, чиј основач Aga Khan го замислил како село за многу богати и славни, ги привлекува само најбогатите поседувачи на јахти. Во текот на летните месец, ова место преставува собиралиште на италијанскиот џет-сет, но и на светски познатите личности како што се супер моделот Kate Moss, актерката Tara Reid, како и актерите Christian Slater и Denzel Washington.

3. Portofino, Liguria, Италија

Просечната дневна цена за големите јахти изнесува  2.350 евра, а на располагање има 6 места. Просечната цена на локалните недвижнини изнесува 17.650 евра за метар квадратен. Portofino е една од подискретните марини, која во почетокот била мало рибарско место, а во меѓувреме станала омилено собиралиште на богатите. Пристапот до центарот е ограничен на еден тесен пат поврзан со Santa Margherita и во поголемиот дел од годината е затворен за сообраќај, така што природата е релативно недопрена. Со оглед на недостатокот на простор, тие што сакат да си обезбедат место мораат да направат резервација неколку месеци однапред…

4.Маgna Ibiza, Ибица

Просечниот дневен влез за големи јахти е  2.300 евра, а на располагање се 6 места. Просечната цена на локалните недвижности е 8. 000 евра за метар квадратен. Се смета за една од најексклузивните марини во светот, а магнет е за младите и богати.

5.St. Tropez, Cote D ’Azure, Франција

Просечната дневна цена за големи јахти е 1. 300 евра, а на располагање има  30 места. Просечната цена на локалните недвижнини е  13. 500 евра за метар квадратен. Ова место го прослави Брижит Бардо во 1950 година и од тогаш стана култно одморалиште за богатите. Таму е важно да се биде виден, а шармот на местото се состои во тоа што е комбинација на луксузни продавници и одморалиште.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag