Запознајте го најбизарниот претседателски кандидат: тетоважи, пирсови и три факултети!

popara15 септември, 20121min00

Идниот претседател на Чешка би можел да изгледа како лик од научно-фантастичен филм. Ова би можело да се случи доколку на претседателските избори идната година победи чудниот уметник Владимир Франц, кој ја објави својата кандидатура.

Композиторот и сликар, професор на Академијата за театар АМУ, на јавноста ѝ е познат пред сè поради својот нетрадиционален изглед – целото тело му е тетовирано. За весникот „Право”, Франц изјави дека иницијативата за тој да се кандидира за претседател потекнала на интернет. Сега останува да обезбеди 50.000 потписи, кои почна да ги собира.

– Не сум контроверзен, пораснав со европската култура. Доколку некој мисли дека во прашкиот Замок би правел хепенинзи и би трчал гол, сериозно се лаже – изјави кандидатот за иден претседател на Чешка.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag