Запознајте го најсиромашниот претседател на светот

popara31 октомври, 20121min00
hoze-muhika

Претседателите важат за луѓе кои живеат во изобилство и луксуз, но еден од нив не ги ужива привилегиите во согласност со неговата функција. Не живее во резиденција туку во фарма, не се вози со блиндирано возило, туку со “буба” чија вредност изнесува 1945 долари!

Хозе Мухика, живее на фарма, вози „буба“, им помага на соседите околу куќните работи и за себе задржува се на се 10% од неговата претседателска плата.

Од сите претседатели на држави во светот, најсиромашен е токму уругвајскиот претседател, кој 90% од платата ја дели на граѓаните на нивната земја.

Мухика, поради неговото одрекување го носи епитетот “el presidente mas pobre“(најсиромашниот претседател). Од 12.500 долари, колку што изнесува неговата плата, тој задржува се на се 1.250, кои ги троши за основните животни потреби.

„Добро ми е со толку пари. Мора да биде, бидејќи знам колку Уругвајци преживуваат и со помалку“, вели тој.

Сопругата на овој необичен претседател работи како сенаторка и исто така донира дел од нејзините приходи. Тие двајца живеат скромно во нивната селска куќа на фармата со цвеќиња, а неговиот највреден имот е неговат „буба“, која чини 2000 долари. Тој одбива да живее во претседателската палата, и наместо да живее во неа, минатата зима им ја отстапил на бездомниците, за да ги спаси од замрзнување.

Пред извесно време претседателот на Уругвај се појавил на некој јавен настан со модар нос. Кога го прашале од што му е повредата, објаснил дека тоа се случило додека му помагал на соседот да си го поправи кровот по олујата.

Исто така, Мухика нема сметка во банка, ниту пак долгови, а задоволството го пронаоѓа во семејниот живот и друштвото на неговото милениче, кучето Мануеле. Поради тоа не изненадува фактот што откако Мухика е на власт од 2010-та година, Уругвај е една од помалку корумпираните земји на светот.

Платата на претседателот на годишно ниво изнесува 150.000 долари. Тоа е 5,8% од платата на премиерот на Британија, Дејвид Камерун, 4,2% од заработката на Стивен Харпер (Канада), 3,1% од приходите на Барак Обама.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag