Хајди, која досега печеше хамбургери за неполни осум евра по час, сега за истото време заработува неверојатни 520 евра.
Британката Хајди Ејган (32), мајка на две деца, со очигледно задоволство дала отказ во ресторанот за брза храна во кој работела и станала двојничка на идната британска кралица Кејт Мидлтон.
Хајди вели дека на тој чекор се одлучила бидејќи на десеттина шокирани муштерии неверојатно им личела на принцезата.
Двете жени толку многу личат, што слободно би можеле да бидат сестри блзиначки. Хајди, која досега печела хамбургери за неполни осум евра по час, сега за исто време заработува 520 евра.