Бредли Купер, кој неодамна е прогласен за најсекси маж во Холивуд, открива дека бил на љубовна терапија, но не поради некоја криза во љубовта, туку поради тоа што сметал дека ќе му помогне да созрее како личност.
“Навистина не се работеше за никаква љубовна криза, не барав поради тоа стручна помош. Но, терапијата беше фантастична”, изјавил Купер кој од неодамна е во врска со ѕвездата на Аватар, Зое Салдан.
Актерот открива дека за улогата во филмот The A-Team бил подложен на ригорозна диета и посебен режим на вежби за тело.
Иако резултатите беа изненадувачки добри, Купер признава дека не би можел да биде подложен на тоа, подолго време.