Станува збор за Клајн Левинов синдром, ретко пореметување поради кое човекот може да преспие цел месец или повеќе.
Бритнката Стејси која има само 15 години и страда од овој синдром, наводно заспала во април, а се разбудила во јуни.
Колку и да ви звучи неверојатно, синдромот се нарекува заспана убавица или во медицината како Клајн Левинов синдром. Се работи за невролошко пореметување, кога во најдобар случај за спиење се потребни 20 часа на ден.
Во екстремни случаи како овој на Стејси, лицата може да спијат и по месец дена и повече, а сонот го прекинуваат само поради одење во тоалет или јадење. Во тие моменти тие не се свесни и за околината изгледаат како да се во транс или некоја полусвесна состојба.
Овие лица кога ќе се разбудат исто така не се свесни дека спиеле толку долго.