По 35-та кожата повеќе не е цврста и еластична како што била. Стресен живот, бременост се дополнителни фактори кои може да направат вашата кожа да изгледа постаро.
Искористете ги маслата за да имате убава и цврста кожа. Ова се малсата кои треба да ги имате дома:
Маслиново масло
Тоа е крал на маслата. Мачкајте го телото со маслиново масло барем еднаш во неделата. Убаво масирајте за да навлезат антиоксидансите и омега 3 масните киселини во длабочината на структурата на кожата. Важно е да не го загревате пред употреба зато ашто така ги губи хранливите состојки.
Масло од авокадо
Кога кожата ја губи својата цврстина, тоа значи дека дошло до опаѓање на производство на нивото на колаген. Затоа во овој случај користете масло од авокадо, бидејќи неговиот состав е многу сличен на оној кој нашето тело го произведува во младоста.