Мери (46), храна за мачки почнала да јаде од чиста љубопитност, а денес на ден јаде и до 900 колачиња и троши стотици долари само на храна за мачки која ја обожава.
Американката Мери од Фервел, во државата Мичиген, е зависна од храна за мачки, а нејзината необична зависност почнала пред пет години додека поминувала низ тежок развод. Во текот на тешката разделба ретко излегувала од дома и времето главно го поминувала со своите три мачки. Еднаш ја пробала храната и открила, како што вели, неверојатен вкус.
“Храната за мачки во устата се претвора во експлозија од вкусови и ја обожавам. Само кога ќе почнам да размислувам за мачешката храна, почнуваат да ми течат лиги”, раскажа Мери во емисијата “Мојата необична зависност” која наскоро ќе почне да се емитува на Discovery Real Time.
Таа на ден јаде и до 900 парчиња храна за мачки, а најдрага и е сувата храна полнета со сирење. Нејзиното семејство знае за оваа зависност и се згрозени од тоа.
“Постојат четири групи на храна, а храната за мачки не е меѓу нив. Одвратно е тоа што го прави”, вели братот на Мери, Томи.
Невработената Мери на месец издвојува околу 200 долари само за мачешка храна, која ја јаде таа и признава дека помалку троши на “нормални” намирници.
“Понекогаш доаѓаат денови кога воопшто не јадам ништо од човечка храна, само храна за мачки. Едноставно како некој од плкарот во кујната да ми вели ‘Мери, дојди да јадеш’, и одма затрчувам и грицкам”, вели таа и додава дека секогаш има залихи во автомобилот, торбата и покрај креветот.
http://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=d2Sf9AJfxL0