
Повеќето луѓе се пријавуваат на рехабилитација заради проблеми поврзани со алкохолот, но Дарен Џонс ќе оди на рехабилитација за да се излечи од својата зависност од диетална Кока Кола, која трае веќе 20 години.
Џонс (38), од Манчестер, Англија, неделно конзумира околу 42 литри диетална Кока Кола, зависност која неделно го чини 155 долари. Тој започал да пие диетална Кока Кола кога имал 13 години, и дека заради својата зависност навистина се здебелил. По неколку години тој бил дијагностициран со дијабет, висок крвен притисок, а и неговата тежина му претставувала вистински проблем. Бидејќи имал проблеми со движењето, тој ја изгубил работата како таксист.
„Толку сум зависен од диетална Кока Кола, што доколку треба да изберам помеѓу мојата девојка со која имам две деца и диетална Кока Кола, тоа ќе биде навистина тежок избор“, вели Џонс.
Џонс навистина има сериозен проблем и паничи доколку до него нема ново шише од диетална Кока Кола. Затоа, тој вели дека ќе оди на камп за рехабилитација и одвикнување во моментот кога ќе може да си го дозволи тоа.