Збогувај се со љубовта од минатото, дозволи и на новата да дојде…

popara3 март, 20121min00
24

Велат дека давеникот се фаќа за сламка. Кога љубовта ќе си замине најтажното и најбесмисленото нешто што може да го направите е обидот да ја задржите. Не е тешко давењето, туку обидот да се спасуваш. Секој што го минал овој пат многу добро знае за што станува збор. Никој не може да ја контролира љубовта на луѓето. Таа доаѓа и си оди, може и да остане, но се разбира само кога сака, само кога е потребна не само на едниот , а на двајцата.

Иначе е многу тврдоглава, прави што сака, избира кого сака, се населува во срцето и во главата и точно кога си мислите дека е лично ваша, решава да си замине, без да предупреди. Таа токму така и дошла, неочекувана, ненајвена, непредвидлива, точно како снегот во Венеција – останува за кратко, колку да ве подлаже со својата бисерна убавина. После полека доаѓаат калливите стапки на секојдневието и додека разбереш што се случило, снегот на чувствата одавна преминал во мокри траги на нешто, што всушност никогаш и не ти припаѓало.

Кога љубовта си оди, таа сака да разберете, дека само ви покажала дел од своето лице – колку глупаво среќни можете да бидете, но тоа не е точно вашата љубов, а само одраз на вашиот копнеж по неа.

Зошто кога ќе дојде вистинската лично ваша љубов, таа нема да биде Венеција во зима – со краткотрајниот снег што брзо се топи, нема да ве залаже со белата приказна за неколку мига. Таа ќе го разбуди чувството за безкрајно лето, ќе ви ги покаже безбројните нианси на боите, за да ја изберете вашата. Многу покасно со големо изненадување ќе откриете дека секоја нијанса се нарекува љубов. Колку и пати да повторувате, ќе ви се чини дека сте првите во Вселената. Или барем во Венеција. Но вашата Венеција нема да е зимска, а вечна. Па затоа збогувајте се со нејзината краткотрајна зима , за летото побрзо да дојде…

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag