Илие Цурцов (87) годишен старец од Романија е совршено здрав и покрај неговите години, а во менталната болница живее цели 80 години.
За време на неодамнешната контрола на менталните институции за наоѓање на решенија за намалување на трошоците бил пронајден и овој човек.
Тој на нивното шокирање се пошегувал: „Секогаш мислев дека ќе си одам од тука, но на некој начин ми е пријатно и постојано го одложував моето заминување“, изјавил старецот.
Тој бил примен во оваа болница уште како дете кога го напуштила неговата мајка.