Здрава големина на порцијата

popara25 јули, 20121min00
porcija

Знаете дека причина за вашата дебелина не мора да биде она што го јадете, туку количината на храната која ќе ја изедете. За да ослабнете, не морате секогаш да се откажувате од вашата омилена храна, туку да ја намалите големината на порцијата. Во тоа ќе ви помогне водичот за здрава големина на порциите од одредени видови храна.

– Тестенини

Стандардна големина на порција: 3 кафени чаши варени тестенини по лице

Посакувана големина на порција: шолја варени тестенини

Разиката помеѓу овие две порции изнесува 440 калории.

– Шницли

Стандардна големина на порција: 340гр по лице

Посакувана големина на порција: 85гр

Разиката помеѓу овие две порции изнесува: 572 калории

– Ориз

Стандардна големина на порција: 2 чаши варен ориз

Посакувана големина на порција: половина шолја варен ориз

Разиката помеѓу овие две порции изнесува: 308 калории

Најдобро е наместо бел да користите интегрален ориз, кој содржи шест пати повеќе влакна. Знаете ли дека резултатите од најновите истражувања покажале дека личностите кои јадат пет или повеќе порции бел ориз неделно имаат 17 пати поголеми шанси да заболат од дијабетес тип 2?

– Пилешко бело месо

Стандардна големина на порција: 170гр варено пилешко месо

Посакувана големина на порција: 85гр варено пилешко месо

Разиката помеѓу овие две порции изнесува: 99 калории

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag