Според некои диетолози зелените зрна кафе помагаат за намалување на излишните килограми.
Спроведено е истражување во кое учествувале група жени, кои требало да јадат по неколку зрна зелено кафе секојдневно. После крајот на експериментот нивната телесна тежина била 10% помала во споредба со нивната тежина во почетокот на експериментот.
Диетолозите тврдат дека консумацијата на одредена количина зелено кафе плус здрав режим на исхрана без многу месо и маснотии може да помогне за брзо слабеење.
Специјалистите сметаат дека ефектот на зрната од зеленото кафе е поврзан со материјата наречена хлорогенова киселина, која ја има само во непеченото кафе.
При печење на кафето зрната менуваат не само боја, арома и вкус. При обработка на температура од 240-250 степени оваа полезна материја исчезнува.