Земјотрес со интензитет од шест степени според Рихтњровата скала ја погоди северо источна Италија, а предизвика материјална штета, како и човечки жртви.
Сопред последните податоци загинати се 6 лица, додека 500 се повредени, а уништени биле голем број споменици, индустриски објекти и згради.
Според сеизмолозите, тоа е еден од најсилните земјотреси во регионот. Телевизиите прикажаа инсерти од оштетени згради, урнати покриви, напукнати камбанарии од цркви. Земјотресот беше почувствуван во Болоња, Модена, Ферара, Ровиго, Верона и Мантова.