‘Жалам што изгубив невиност на 14 години!’

popara25 септември, 20121min00
1

Популарната британска пејачка издала автобиографија во која искрено зборувала за својот живот и за работите за кои нагласува дека денес жали.

24 – годишната Тулиса Контоставлос во книгата ‘Honest, My Story So Far’, тврди дека денес жали што изгубила невиност на само 14 години и што толку рано консумирала дрога.

“Имав многу момци едноставно пребрзо. Жалам што ја изгубив невиноста толку рано. Ако не почнев да се занимавам со музика, не знам каде ќе завршев. Но, и понатаму на прстите на нозете и рацете може да се наброи со колку луѓе сум спиела. Голем процент од овие луѓе се случи во период од моите 14 до 17 години и ми се чинеше тоа како голем број дури и тогаш.

Иако како мала бев уличарка, бев целосно фасцинирана со идејата за романса од бајките. На момците им го давав “срцето на послужавник”, бидејќи мислев дека ќе добијам љубов за возврат. Се разбира, тоа не беше лесно, бидејќи целото внимание и нежност кое го добивав од мажите беше само привремено, а ми требасе некое време тоа да го сфатам”, пишува Тулиса во својата книга.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag