И додека медиумите се занимаваат со шпекулации дека хрватската пејачка Северина Вучковиќ е бременаи дека имала расправија со вереникот Милан Поповиќ, таа втора година по ред ги рекламира обувките Mass.
На промотивните фотографии од познатиот хрватски фотограф Марко Грубишиќ, Северина позира со чевлите, а од компанијата порачуваат дека со овој едиторијал сакале да ја разоткријат мистериозната врска помеѓу чевлите и жените, како и да ги прикажат најновите трендови кога се чевлите во прашање.
“Да постои некој кој е фатален, не знаеш се додека не ти се случи. Секогаш мислиш дека тоа не е она вистинското, бидејќи знаеш дека може да биде и подобро. Така си и за секои чевли уверен дека се вистинските и најдобрите – се додека не ги запознаеш чевлите на Mass. Кога ќе се сретнат вистинските енергии, тогаш против тоа неможеш ништо!” вели Северина.