Жена починала откако лекарите одбиле да и извршат абортус

popara14 ноември, 20121min00
bremena

Бремена жена починала во Ирска бидејќи докторите одбиле да и извршат абортус бидејќи таму таквиот медицински зафат сеуште е нелегален.

Триесет и едногодишната Савита Халапанавар, која била во 17-тата недела од бременоста, поради болките во грбот отишла на преглед во Универзитетската болница во ирскиот град Галвеј на 21-ви минатиот месец, при што докторите констатирале дека има пометнување.

Иако таа инсистирале на абортус бидејќи фетусот починал, докторите не ја дозволиле таквата процедура бидејќи е незаконска.
Со одговор “Ова е католичка земја“ вработените во болницата одбиле да ја прекинат бременоста, инсистирајќи дека додека се слуша срцето на ембрионот, тие ништо не можат да сторат. Разочараниот сопруг раскажал дека неговата сопруга, која е од Индија им рекла дека ниту е католик, ниту Иркиња и молела за абортус не можејќи да ги издржи болките.

Таа два дена била во агонија, и кога срцето на фетусот престанало да работи, тие го извадиле. Веднаш била префрлена на интезивна нега, но се’ било попусто бидејќи сепсата била раширена и нејзиниот организам не можел да се избори со инфекцијата на крвта.

Весникот исто така пишува дека смртта на Савита е само една од многуте во Ирска.

Законот за абортус во Ирска гласи дека абортус може да се изврши само кога животот на мајката е во опасност. По тргичната смрт се покренати многу прашања за абортусот во Ирска и се спроведени две истраги за да се докаже дали таа починала бидејќи медицинскиот персонал не и’ дозволил да го абортира детето, кое во секој случај немало да преживее.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma