Манекенката Шејла Херши (32) од Бразил е зависна од естетските операции на гради. Првата операција ја имала на 19 години, а во рок од 13 години направила дури 22 операции на градите.
„Моите гради се како мои бебиња, ги сакам како мои деца, изјавила таа.
Иако, ги сака своите гради таа истакнува дека често и создаваат проблеми.
„Често поради нив неможам да најдам соодветен број на маица, проблем имам и кога сакам да ги заврзам патиките, а неможам ни да трчам“, изјавила Шејла.
Оваа жена стана славна откако градите ја спасија од сообраќајна несреќа.
Набрзо потоа, таа се обидела да се самоубие. Тоа било втор пат таа да посегне по својот живот, бидејќи лекарите и ги извадиле силиконите, поради тоа што на операција се заразила со стафилокока.
„Исто како да ми рекоа дека ќе умрам. Неможев да поверувам дека ќе ми ги извадат силиконите. Без овие гради јас сум ништо“, изјавила таа.