Најмладата мајка од Британија изјавила дека тоа што забременила во 12-тата година и родила бебе, е најпаметната работа што ја направила.
Денеска таа вели дека има добра линија, децата и се пораснати и може да излегува со пријателите.
Ејми Кроухарст забременила во 2002 година, кога имала ссамо 12 години, по сексот за една вечер кој го имала со еден 15 годишен тинејџер.
На 13 години го родила синот Алфи го напуштила училиштето и почнала да се грижи за него.
На 16 години почнала да живее сама со детето и тогаш ја добила и ќерката Дестини. Не останала во контакт со ниту еден од татковците на децата.
Иако имала тешки моменти додека ги чувала децата, таа денеска тврди дека тоа што рано родила е анјдобрата работа што ја направила.