Општоприфатено е мислењето дека мажите се тие кои се неверни, но пак британските социолози го тврдат спротивното, односно велат дека жените се посклони кон тајни врски. Значи ли тоа дека разликата е во тоа што жените успешно ги кријат своите траги и не оставаат докази како мажите? Можеби е така…
Специјалистите разгледале 4000 случаи на неверство и се обиделе да споредат колку често го прават тоа мажите и колку жените. Резултатите од истражувањето покажале дека жените имаат средно 2,8 тајни врски, додека мажите имаат 1,8 скриени интриги.
Социолозите тврдат дека понежниот пол има поголем афинитет кон авантури. Разликата е во тоа што мажите гледаат забава и разнообразие на интимниот живот, без многу емоции, додека жените пак освен задоволството во кревет бараат и романтични моменти. Со ова се објаснува фактот зошто жените почесто се вљубуваат во своите љубовници, отколку мажите, кои ретко се приврзуваат кон жените, со кои изневеруваат.
Експертите исто така утврдиле дека жените започнуваат да размислуваат и да се впуштаат во авантури на 37 годишна возраст, додека мажите на 42.