Жените се “палат” на скапи автомобили!

popara28 јули, 20121min00
sexynails_car

Мажите кои возат скапи автомобили дефинитивно се попривлечни за жените. Она што секако веќе го знаевме, сега доби и научна потврда.

Психолозите конечно го докажаа она што продавачите на автомобили го знаат веќе со децении – автомобилот што го возите е тајната на вашата привлечност!

Научниците им покажувале на жени фотографии од ист маж, кој седи во два различни автомобили – скапоцен луксузен Бентли и во стар Форд.

Жените на возраст од 21 до 40 години се разбира, секогаш му давале предност на тој кој седел во Бентлито.

Д-р Мајкл Дан од Универзитетот Велс во Кардиф кој го спровел ова истражување вели дека тоа покажува дека жените повеќе ги ценат мажите кои возат скап автомобил, отколку некоја “крнтија”.

Неговото истражување кое е објавено во последното издание на British Journal of Psychology покажа дека мажите воопшто не ги интересира каков автомобил вози жената, туку поважен им е нејзиниот изглед.

Д-р Дан затоа вели дека неговите испитувања, како и многу студии од минатото, потврдуваат дека кај жените на степенот на привлечност во голема мера влијае општествениот статус и богатството на мажот, додека мажите најважна им е атрактивноста на жената.


„Постојат толку многу докази кои говорат на тоа дека жените повеќе од мажите се под влијание на богатството и статусот. Тоа не е нов феномен. Жените повеќе се фокусираат на на богатството и статусот бидејќи тоа е она што воглавно го поседуваат мажите, што значи дека тој маж ќе биде во поголема можност да и овозможи поздраво потомство“. Тој исто така верува дека оваа човечка особина нема да се менува во иднина, ни дури ако жените станат уште понезависни и побогати.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma