До скоро се сметаше дека односите меѓу двата пола, за кои не постои успешна рецепта, не можат да бидат објект на глобално научно истражување.
Американските експерти ни го докажаа спротивното, покажувајќи дека можат да ги „скенираат“ релациите на комуникацијата маж – жена, речиси како што се прави тоа со рентген зраците.
Тие веруваат дека квалитетот на една врска зависи најмногу од сигурноста на партнерите еден кон друг. Точно ова одредува и зошто мажите потешко простуваат неверство, за разлика од жените.
Резултатите покажале недвосмислено, дека жените се посилни емоционално и полесно би го преживеале неверство од страна на партнерот.
Мажите од своја страна, многу повеќе се измачувале околу лагите на својата партнерка и обично избирале да се разделат со неа, отколку да простат.
Експертите го објаснуваат тоа со фактот, дека претставниците на посилниот пол ја кријат својата несигурност, запазувајќи ја својата независност. Мажите се измачуваат од неверството, зошто се обземени од сексуалниот аспект на врската, што пак е поврзано со нивната слаба приврзаност.
Со други зборови, љубомората произлегува од длабоката емоционална нестабилност кај машкиот пол, сметаат психолозите.