Женските игри – во кои само вие губите!

popara27 февруари, 20121min00
1

Сте се запрашале ли некогаш како се однесувате кога сте на самиот почеток на една врска? Многу често обидувајќи се да изгледаме незаинтересирани и недостапни, ние бегаме од сопственото Јас. Градиме една стратегија на поведение и чекаме да го видиме резултатот, кој најчесто не е таков каков што сме очекувале. Во еден момент стануваме толку комплицирани за да може некој да не разбере, што повеќето мажи избираат да се откажат, дури и пред да пробаат. А ќе е многу полесно, верувајте, едноставно да бидеме себе си и да не се придржуваме кон некакви измислени правила и женски итрини.

Играта со чекањето – Воопшто не сакате да чекате нели? Кој сака? А ние често залагаме на принципот – „тој нека чека!“. Ако е заинтересиран, тој ќе го направи првиот чекор, тој треба да се јави прв и.т.н. Можат да поминат денови и недели пред да се решиме први да го земеме телефонот, со цел да не изгледаме премногу лесни. Доста лоша тактита, која ќе го изнервира и најтрпеливиот маж.

Играта на тешкодостапна – се однесувате како да ви е сеедно, чекате колку се може подолго, пред да се јавите после првиот состанок, се правите на многу зафатена. Познато ви е нели? Да, малку неизвесност може да ја зголеми желбата. Ова сигурно е начин за да проверите колку е голем неговиот интерес но и тука си има некакви правила. Оваа игра може многу брзо да го убие машкиот интерес кон вас.

Психолошка игра – го велите точно обратното на она што го сакате, за да го направи точно тоа што го сакате. Многу заплеткано нели? Кажано поинаку очекувате да ви ги чита мислите. Но дефинитивно, ваква способност за читање мисли имаме само ние жените. Мажите не! И да го збуниме некого до таков степен па веќе да не му е јасно дали ние не сакаме или тој не може…

Играта ултиматум – ова е најподлата игра! Ни еден маж не сака да биде заплашуван и притискан. Всушност ни една од нас не би го сакала истото да и се случи. Но ние сепак многу често ја употребуваме оваа тактика со цел да добиеме нешто.

Да го спечалиш срцето на некого не не најлесното нешто на светот. И уште потешко е да го задржиш за цел живот. Но ако сме решиле дека тоа е нашиот човек и навистина сакаме да сме со него, тогаш најлошата варијанта е играње вакви игри. Штом започнеме да бидеме она што не сме и ако се внесеме во играта тогаш сигурно не не очекува хепи енд. Зошто вистинските мажи ( а таков бараме нели?) предпочитаат да имаат до себе отворени и спонтани жени, а не режисери на нискобуџетни филмови.

Затоа следниот пат кога ќе те поканат да излезеш, не размислувај за тоа 2 часа, туку едноставно направи го! Има ли нешто поубаво од тоа да си вистински, ако бараш нешто вистинско! Па нели треба да те сака точно тебе, таква каква што си?

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag