Живеете сами? Епа чудни сте!

popara3 март, 20121min00
290288002_580576004_1

Колку чудни можете да бидете доколку живеете сами? Стивен Курутз даде свој поглед на луѓето кои живеат сами.

Според статистиката се повеќе луѓе живат сами. Во New York Times Стивен Курутз даде попис на работите кои луѓето ги прават кога живеат сами.

Остануваат будни цела ноќ.

Мијат овошје под туш.

Си ги гледаат порите во огледало.

Доаѓаат доцна дома и се обидуваат да зготват нови работи.

Носат чудни комбинации.

Никогаш не ја затвараат вратата од купатилото.

Разговараат со своите мачки.

Никогаш не јадат соодветни јадења. (Супите од кесичка се нормална работа).

Чудни се.

Каде е проблемот? Курутц пишува за случајот на Ејми Кенеди, 28-годишна учителка. Таа веќе 6 години живее сама. Станува се почудна. Трча во домот за време на ТВ рекламите, слуша француски на ЦД и така учи додека повторува, пее под тушот. „Целиот стан е моја соба. Доколку сум го оставила градникот на кујнскиот стол, тоа не е ништо лошо”, изјавила учителката.

Тоа што по Курутц е чудно во сето тоа е дека луѓето кои долго живеат сами, несреќно живеат со други луѓе. Своите чудни навики навистина мора да ги сменат, а тоа тешко им паѓа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma