Животинскиот свет во океаните пред истребување поради киселоста!

popara5 март, 20121min00
yt67

Нивото на киселост во океаните  расте со најбрзо темпо во последните 300 милиони години, поради што на многу растителни и животниски видови им се заканува истребување, според извештаите на научниците објавени во магазинот „ Science“.

Зголемената киселост во океаните претставува најголема опасност за коралните гребени, бидејќи предизвикува нивно изумирање. А, бидејќи коралните гребени се живеалиште за многу други растителни и животниски видови, може да дојде и до нивно истребување.

Човечките активности, особено согорувањето на фосилните горива, довеле до зголемено ниво на јаглерод во атмосферата, а бидејќи океаните стануваат покисели со зголемувањето на јагелеродот во атмосферата, денешното ниво на киселост е поголемо од пред 56 милиони години, кога било забележано големо ниво на јаглерод во атмосферата.

Количеството на јаглерод во атмосферата речиси двојно се зголемило, додека просечната глобална темепратура пораснала за 6 степени целзиусови.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag