Сите со нетрпение го очекуваат телевизискиот филм “Liz & Dick” за животот на холивудската дива Елизабет Тејлор и нејзината најголема љубов Ричард Бартон со Линдзи Лохан и Грант Боулер во главните улоги.
Објавен е првиот трејлер за филмот, за турбулентниот живот на една од напочитуваните актерки досега.
Елизабет во филмот е прикажана во сите животни ситуации – додека сјае со дијаманти околу вратот на црвениот тепих, во улогата на Клеопатра на снимање, но и додека беснее на својата голема љубов, фрла со шишиња и води љубов со него…
Снимањето е завршено во јули, а филмот ќе биде прикажан на 3 ноември.
Погледнете го трејлерот!
http://www.youtube.com/watch?v=vuIUlcUQ5yM&feature=player_embedded