Холестеролот во жолчката на јајцето би можело да има скоро исто негативно влијание по крвните садови (сртерии) како и чадот од тутун, покажале резултатите од истражувањата на група канадски научници.
Богати со незаситени масни киселини “омега-3, витамини и антиоксиданси, жолчките би имале голема хранлива вредност, ако со нив не се внесува многу голема количина на холестерол, пренесуваат француските медиуми.
Научниците дошле до резултати за штетните ефекти на жолчката со мерење на ехографија кај 1.200 канадски пациенти стари во просек 61 година во каротидната артерија акумилирана маснотија и келии кои прогресивно ги уништуваат артериите и можат да се откачат и да ја блокираат циркуалцијата предизвикувајќи миокарден инфаркт или мозочен удар.
Научниците забележале дека формирањето на овие наслаги посебно се забрзува по 40 години живот кај лица кои редовно консумираат жолчки, а пред се оние кои консумираат повеќе од три пати неделно.