Фановите на Цеца Ражњатовиќ ќе организираат журка на денот кога ќе и се отстрани нараквицата пред “притворот” во кој се наоѓа пејачката! Тоа значи дека пред нејзината куќа ќе се одржи прославата на 22 февруари.
До крајот на притворот на Цеца останаа уште 15 дена, а казната домашен притвор од издржува од јуни минатата година. Организаторите на прославата ги повикуваат сите фанови на Цеца, тој ден да дојдат пред нејзината куќа. Собирот е закажан за напладне и сите се повикани на прославата.