Полицијата трага по напаѓачот кој го ограбил човекот, а потоа го оставил да лежи на пругите. Несреќниот човек преживеал, но ногата му е ампутирана. Крадецот ќе биде обвинет само за кражба, бидејќи во Шведска не е злочин ако некого оставите да умре.
Шведската полиција е во потрага по безмилосниот разбојник кој го ограбил човекот,а потоа го оставил да лежи на шините во моментот кога наидувал воз.
Инцидентот се случил во неделата во подземната железничка во Стокхолм. Целиот настан го забележале надзорните камери. На снимката се гледа како човекот, за кого е утврдено дека бил пијан, паѓа од шините, а потоа му приоѓа друг маж кој го ограбува. Тој му го украл паричникот и мобилниот телефон.
Потоа, крадецот поминал покрај работниците на подземната железница на кои не им споменал дека на шините лежи човек.
Полицијата соопштила дека во рок од шест минути возот можел да биде запрен ако постоела инфомација дека некој лежи на шините. Меѓутоа, возот го прегазил човекот, кој презивеал, но стапалото му е ампутирано.
http://www.youtube.com/watch?v=1W2W2xgkdT8&feature=player_embedded