Змија долга 2,5 метри најдобар пријател на двегодишно момче

popara3 септември, 20121min00
6

Двегодишниот Чарли Паркер е најмладиот член на австралискиот тим за заштита на дивиот свет во земјата. Ова момче секојдневно се соочува со змии, гуштери и други опасни и отровни животни пред кои не покажува страв.

Чарли секојдневно си игра со змијата долга 2,5 метри. И зборува, ја носи во парк, се влака по трева со неа…Огромната Боа по име Пабло сеуште не покажала агресија кон момчето и како што сега стојат работите, може да се каже дека се најдобри пријатели.

Чарли потекнува од семејство кои се љубители на животните и поседуваат парк со диви животни. Гордиот татко Грег Паркер вели дека нивното семејство веќе три генерации се грижи за заштита на дивиот свет.

“Сеуште не можеме да веруваме колку има талент и склоност кон животните. Едноставно, уживање е да го гледате додека си игра со змиите и гуштерите. Не покажува страв и веќе има огромно знаење”, вели Грег.

“Змиите и гуштерите се едноставно негова опсесија. Тоа е во гените”, објаснува Грег.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag