Знаете ли дека мажот е тој што ја избира жената, која веќе го избрала!

popara21 февруари, 20121min00
3

Светот како избалансирана целина е возможен со помошта на двете половини, мажот и жената. Тие постојано се бараат, респективно мажот ја бара својата половина и жената го бара истото. Најважно е да не се разминат, за да се најдат во морето од лица, во светот од луѓе. И најубаво е кога тоа ќе се случи навреме. Премногу посакувано и премногу тешко остварливо. Оние што се бакнати од Бога, се среќаваат на точното место и во вистинското време. Обично на човек му е судено долго да бара, да споредува, да копнее…додека дојде таа вистинската или тој вистинскиот.

Безспорно е дека жената распознава прва и тоа најмногу со срцето. Жената како уште со раѓањето да носи во срцето еден образ, еден маж, кој е вистинскиот и единствениот. Прашање на шанса од Судбината е таа да го сретне во вистинскиот момент. Таа прва го препознава, дури и на подсвесно ниво. Жената може и да не е свесна за тоа. Но таа и без да сака го повикува, непланирано, ненамерно и го привлекува. Мажот ја избира без да знае дека таа веќе го избрала. Всушност таа се вљубува во неговата вљубеност. Го избира оној кој може и да не е првиот, но е последниот.

Сите ние имаме еден вистински за нас, дали ќе го најдеме веднаш или ќе почекаме зависи од Судбината но не само од неа? Ние сме понекогаш недоволно храбри, исплашени за да се бориме за она за кое сме сигурни дека е наше. Не заборавајте дека љубовта и животот се на страната на храбрите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag