Знаете ли која е најдобрата „рецепта„ за денот на вљубените?

popara9 февруари, 20121min00
3

Не престанувам да се изненадувам секогаш кога деновите околу Свети Валентин некои луѓе велат дека празникот е клише и како за вистинските вљубени секој ден треба да е празник. Е тие денови ние одиме на работа, готвиме вечери, гледаме телевизија и.т.н. Не може секој ден да е празник. Празникот е еден ден, еден миг дури. И во тој миг ги славиш најубавите мигови од љубовта. Зошто љубовта како и среќата се грст убави моменти, а не безкрајни непрекинати фиести. Мигот се празнува со миг, а не секој ден.

И покрај тоа што многу долго време размислував каква може да е рецептата за да се прослави денот на љубовта и вљубените, подобра од клишето не измислив. Ете ја, ја знаете.

Неопходни продукти:

2-ца вљубени;

1 букет цвеќе;

1 агол (каде вљубените да се чекаат);

1-2 срца(срце од балон, срце од торта, вистински срца, какви-такви);

1 кутија чоколадни бомбони;

1 шише вино и 2 чаши;

1 камин ( фебруари е сепак!);

1 кревет;

2-3 збора кажани од срце;

1 поглед кој се кажува;

Клише или не, ајде сега со рака на срце кажи ми, толку ли лошо звучи?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag