Фејсбук е најголемата социјална мрежа, која брои повеќе од 900 милиони корисници, а се претпоставува дека повеќето се млади.
Но, Флоренс Детлор го сруши овој мит. Таа има 101 година и е најстариот корисник на оваа мрежа.
Таа е и најстарата личност која го посетила седиштето на Фејсбук и се сретнала со Марк Цукерберг и оперативната директорка на компанијата Шерил Сандберг.
Флоренс живее во Калифорнија, а својот Фејсбук профил го отворила во 2009 година.