Знаете ли што останува после една голема љубов?

popara12 јуни, 20121min00
s1

Да, многу добро знаете зошто и вие и јас имаме слично минато. Сите го имаме. Откако ќе пројде гневот од последниот скандал, после разделбата, навираат убавите заеднички спомени од некогаш. И болката од нив. Мислејќи колку е тажно сето тоа, дека тие моменти не само што нема да се повторат, туку ќе нема никогаш повеќе нешто ново со тој човек. А вие сте очекувале. Сте планирале заедничка иднина со него.

Љубовта е најраткото човечко чувство. Споредете го например со љубовта кон семејството, приврзаноста кон долгогодишните пријатели…Во денешниов свет љубовта е продукт, брендиран во опаковка, која ве лаже, дека ќе трае вечно.

А сега замислете дека љубовта што ја имате има рок на употреба до следниот вторник. Што би правеле? Ќе се повлечете од страв дека во среда ќе останете со празни раце или ќе го извлечете максимумот од неа без да мислите за следниот ден? Најдоброто што можете да го направите е да дозволите да бидете сакани и да сакате без игрички, без интриги, без егоизам, без страв, без сомнежи, без его. Немате време за тоа.

И тука доаѓа прашањето, ако размислувавте вака секој ден од врската, дали ќе се фокусиравте на ситните детали, кои ве дразнат? Дали ќе бевте истиот човек кој напомнува со многу повеќе зборови за негативните отколку за позитивните моменти на врската?

Не. Вие ќе го извлечевте максимумот од сето тоа и ќе бевте вистински среќни, зошто давајќи го најдоброто од себе, вие и ќе го добиевте најдоброто.

Претставете си дека времето ви е ограничено и за да ја имате среќата во своите раце, треба да го користите „тука и сега“. Треба да се живее како вторник да е на прагот, за да изживеете квалитетно се што ви се пружи, а среда премногу далеку, за да се мисли за крајот. А ако создадете нешто вистинско оваа седмица, бидете спокојни – само по себе, тоа ќе најде начин да си го продолжи рокот на употреба.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma