Иако спаѓаат во омилените обувки за лето апостолките не се баш најздрави за целодневно носење.
Најдобро е истите да се носат само на плажа, но не и за прошетки или долги пешачења.
Прво тие можеби се меки и удобни, но со самото тоа што ногата е свиткана навнатре, предизвикува болки во петите, зглобовите и прстите. Го оглед на тоа што предниот дел е во форма на буквата V која оди меѓу прстите, па така истите се згрчени, стегнати при одењето, мускулите и тетивите се напнати, а тоа може да доведе до сериозни проблеми.
Кожата во овие обувки може да стане тврда и сува, а во некои случаи може и лесно да се повредите.