Причините многу од нас да изберат да го пропуштат појадокот се најразлични – рано станување, недостаток на време, обид да ослабнат и др. Меѓутоа утринскиот оброк е многу важен за фокусот, здравјето и дури намалување на килограмите.
Фокус – пропуштањето на појадокот многу често значи дека ризикувате да сте гладни се до ручек, што претставува пречка да бидете сконцентрирани. Например според многу експерти децата кои го пропуштаат појадокот имаат послаби резултати во училиште или останатите образовни активности. Истото се однесува и на возрасните и тоа се одразува на квалитетот на нивната работа.
Слабеење – гладувањето кое е последица од пропуштањето на појадокот го зголемува нивото на инсулин во телото, што од своја страна го зголемува создавањето на масно депо како резерва и ете зошто предизвикува дебелеење.
Енергија – појадокот е најдобриот начин да го разбудите организмот. Тоа дава многу енергија и човек се чувствува продуктивен, свеж и полн со енергија во текот на целиот ден. Навистина причините не се малку за ова да стане ваша секојдневна навика.