
Во последните неколку недели многу се пишуваше за документарниот филм на Кети Пери, кој доживеал специјална проекција на 7 јуни во Лондон. За ова да не биде уште една во низата класични промоции, домакинката гостите ги послужила со пуканки.
Колеги, пријатели, новинари и неколку среќни фанови во Лондон премиерно го изгледале документарниот филм Katy Perry: Part of Me. На лондонската премиера, Кети Пери ги изненадила гостите со тоа што ги послужила со пуканки, им се обратила од сцената, ја фотографирала публиката и се прегрнала со фановите.