Зошто не се женат мажите?

popara23 јануари, 20121min00
s

Или поточно зошто се женат толку касно? Ќе се обидеме да докажеме дека основната причина не е само во жените…

На прво место како и секогаш стои сексот. Денес времињата се поразлични. Пред многу години девојките беа речиси недостапни за младите ергени. И најважното – обшественото мислење никако не ги одобруваше предбрачните врски. Па така, поради достапниот и гарантиран секс, веднаш штом ќе се вратеше од касарната младиот ерген брзаше да се „задоми“. Неженетиот маж над 25-30 години предизвикуваше неразбирање од средина и дури едни поспециални мисли…

Сега е различно. Дури напротив, им се чудат на оние мажи кои брзаат да стапат во брак порано.

На второ место, причината за долгото ергенство се крие во самите жени. Повеќето од денешните мажи се одгледани и воспитани од жени. Од мајките, бабите, учителките во градинка и школо и веројатно затоа имаат друга психолошка основа. Инстиктивно сметаат дека жените се должни да вршат се дома, плус да создаваат атмосфера и да им демонстрираат љубов и признание. Навикнати да живеат на готово, овие мажи не сваќаат дека денес жените работат подеднакво како и нив, печалат како и нив, градат кариера и не сакаат да го носат товарот на домаќинството сами. Се покажа дека таа мајка – орлица ги разгалила премногу и требаше да си ја поправи грешката престанувајќи да им слугува, додека не ги префрлиле 40-те и работите станат безнадежни…

Како за крај би сакала да кажам – Драги мажи, женете се слободно! И сакајте си ги жените! А тие нема да ви останат должни, колку повеќе љубов давате, толку и ќе добивате!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag