Зошто немате среќа во љубовта?!

popara28 август, 20121min00
3207729

Ако често сте имале скрешно срце и сте губеле надеж во пронаоѓањето на принцот, можеби тоа се грешките кои ги правите за да ја најдете вистинската љубов.

Експертите за врски издвоиле неколку клучни грешки кои се прават и тоа најчесто од страна на жените, а кои ги оддалечуваат од стабилните и долготрајните врски.

  1. Пребрзото носење на заклучоци – слушате иста музика, сакате исти филмови, веднаш заклучувате дека сте своршен пар. Но тоа е погрешно. Ако покрај мажот не се чувствувате доволно опуштено, имате чувство дека тешко комуницирате, дека не ве разбира, тогаш џабе е се она што ве врзува, музиката, храната и се останато.
  2. Немојте да го барате господинот совршен – ако сакате стабилна и цврста врска тогаш треба само да го пронајдете мажот кој го сака истото. Најубавиот, најпаметниот, најпосакуваниот нема да ви биде од корист, треба да најдете некој кој дели исти идеали со вас, тој е оној кој за кратко време ќе ви биде совршен и поркај мааните кои ги има.
  3. Нетрпеливи сте и ги брзате работите – сигурно сте имале период кога ништо неможе да ви тргне како што сакате. Тогаш сакате се да поправите набрзина. Но, најчесто се случува повторно да грешите, па налетувате на мажи за кои мислите дека се супер. Во тие моменти сме способни да ги намалиме критериумите и да се согласиме за нешто што не би го направиле ни во лудило.