Зошто се бакнуваме?

popara9 ноември, 20121min00
too-much-kissing-1

Наједноставното објаснување е дека луѓето се бакнуваат затоа што чувството е пријатно. За некои, сепак тоа не е доволно. Постојат луѓе кои се занимаваат со анатомија и еволутивна историја на бакнежот. Тие се нарекуваат филематолози.

Засега предметните научници не успеале да објаснат категорично од каде потекнува бакнежот. Сепак, тие нудат неколку теории и покажуваат како нашата биологија влијае од овој страстен чин.

Клучното прашање е дали бакнежот се дознава или е инстинктивно дејствие. Некои тврдат дека тој се учи и датира уште од најраните предци. Во тоа време, мајките веројатно ја џвакале храната и ја предавале од уста на уста на своите бебиња. Дури откако на децата им растат забите, мајките продолжувале да им ги допираат образите со усни, за да ги утешат.

Во поддршка на теоријата дека бакнежот се дознава, а не е инстинкт, доаѓа и фактот дека не сите луѓе го прават тоа, покажуваат антрополозите. 90 проценти навистина се бакнуваат, но има и 10 проценти, кои немаат поим што испуштаат.

Други сметаат дека сепак бакнежот е инстинктивно однесување. Во поддршка на своето тврдење тие посочуваат еден куп животни кај кои оваа акција, исто така се среќава. Иако некои ги поротриваат врвовите на носовите во знак на привлекување, други се бакнуваат како луѓето. Боноботата на пример разменуваат плунка кога сакаат да се смират после кавга, за да се утешат, да развијат социјални врски, а понекогаш – слично на нас самите – без посебна причина.

Денес најраспространета теорија за бакнеж е следнава – луѓето се бакнуваат, бидејќи тоа им помага да го откријат квалитетниот партнер. Кога лицата не се ни блиску едно до друго, феромоните почнуваат да “зборуваат”. Тие разменуваат биолошка информации за тоа дали двајца ќе создадат силно поколение. Жените потсвесно го сакаат мирисот на оние мажи чии гени за одреден тип на протеини од имунолошкиот систем се различни од нејзините сопствени. Сличната комбинација ќе произведе поколение со многу посилен имунолошки систем и подобри шанси за преживување.

Сепак, некои луѓе се задоволни и со објаснувањето дека се бакнуваат, бидејќи чувството е пријатно. Нашите усни и јазици имаат нервни завршетоци кои го зголемуваат целото чувство од љубовта. Кога доживуваме слично пријатно нешто, ние обично не размислуваме многу зошто се бакнуваме. Напротив – тоа не тера да го правиме се почесто.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag