Шармот на Бали не е само убавото море, палми и пеочни плажи – неговата моќ е многу поголема.
Дознајте зошто Бали е еден од најпосакуваните острови на светот и зошто морате да го посетите…
Станете милионер
Сигурни сме дека нема поголема возбуда од онаа кога вашите раце ќе го достигнат првиот милион. На Бали еден американски долари вреди 10 илјади индонезиски рупии, што значи дека со 100 долари може да станете милионер.
Бидете видени во Ku De Ta
Ku De Ta е клуб на плажакаков сигурно досега не сте виделе. Се наоѓа на плажата на хотелот Оберои, каде познатите личности и светски уживаат во погледот на сурферските бранови, прекрасна храна која ја има во изобилие и најскапите пијалоци во прекрасниот кружен бар. Сепак, екипата на Ku De Ta не е баш како од секој друг клуб. Затоа не е важно она што го носите, туку како го носите – завземете поза и немојте да се онесвестите ако Бред Пит или Мадона седнат покрај вас.
Почувствувајте го денот кога се мирува
Ако некогаш сте се запрашале како изгледа светот во тишина, замислете традиционална Нова Година во Бали – Nyepi Day. Во текот на 24 часа луѓето од островот не работат апсолутно ништо за случајно да не го привлечат вниманието на духовите. Мир и тишина, нема гласна музика, не се зборува гласно – по можност воопшто – на улиците нама автомобили, мотори, таксистите не работат, аеродромите се затвараат, а на туристите им се препорачува да не се опуштаат во своите хотели и да не прават бучава со која ќе ги навредат локалните луѓе. Ако ви се допаѓа овој вид на одмор имате време да стигнете за следната Nyepi Day која е на 16ти март.
Летајте во џунгла
Да, на Бали можете да летате. Почувствувајте го неверојатниот Flying Fox, каде сте врзани за растеглива жица помеѓу високи дрва и се движите 160 метри во воздух користејќи ја гравитацијата како погон. Сите оние кои го доживеале ова, изјавиле дека се почувствувале како птици.
Уживајте во луксузните хотели
Bulgari и St Reigst неодамна ги отворија своите врати на раскошот во Бали. Тие им се придружија на најдобрите хотели, кои ретко можат да се видат на едно место во толкав број. На островот се наоѓаат два Four Seasons ресорти, Hayatt, Conrad, Laguna, InterContinetal, како и специјални вили за само неколку илјади долари за една ноќ.