Зошто треба да се избегнуваат медицинските совети од интернет

popara15 јануари, 20121min00
3

Медицинските совети се само едно од многуте нешта, кои можеме да ги најдеме во интернет. Какви и да се симптомите, независно од состојбата, има изобилие од веб сајтови преполни со медицински совети. Барањето на медицински совет во Гугл не е исто како да барате карта на градот. Еве што треба да знаете кога барате медицински совет во интернет.

Д-р Гугл

Гугл е интернет пребарувач, а не доктор. Интернет е веројатно најдобро да се користи за повеќе информација откако веќе ви е поставена дијагнозата, а не за дијагностицирање на проблемот сами. Не очекувајте од  мрежата да ви каже што не е во ред со вас.

Колку е веродостоен изворот – здравјето не е нешто што треба да го прифатиме како даденост, исто како и веродостојноста на сајтовите за медицински совети. Можеме да се довериме на оние кои се како дел од државни институции или на медицински органи, но не и на такви кои се пишувани од лица без медицинска квалификација.

Рај за хипохондриците – интернет е опасно место за секој еден што е опседнат со здравјето. При најмали симптоми, хипохондриците бараат информација во интернет и си препишуваат најстрашни болести, без дури и да имаат основа. Ако не сакате и вие да станете такви пароноичари, стојте подалеку од таквите медицински совети.

Еднакви симптоми, различни болести. Информацијата во интернет може да биде многу нејасна. Секој еден симптом може да е знак за различна состојба. Па затоа, најдобро е да отидете на лекар, за да ви постават точна дијагноза.

Опасни совети – советите давани од некои медицински сајтови можат да бидат многу опасни, зошто не се даваат од лица со медицинска квалификација. Не се доверувајте на слепо на различни совети од сајтови со непроверена веродостојност, за да не си наштетите сами на здравјето.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag