Живеј сега, утре можеби ќе го нема!

popara10 март, 20121min00
29

Знаете ли што навистина ме излудува…тоа  што мислиме дека сме безсмртни. Мислиме дека луѓето околу нас секогаш ќе бидат тука. Додека жестоката реалност не ни заврти еден таков шамар, од кој тешко ќе се соземеме.

Мислиме дека утре ни е загарантирано, дека неизбежно ќе дојде. Мислиме дека следниот ден ќе биде подобар од денешниот. Одлагаме се за блиската и далечна иднина. Ја губиме и трошиме сегашноста, само затоа што сме сигурни, дека имаме време за се. Но не.

Утре е најнесигурниот поим на оваа наша е.ана планета. Всушност какво утре…можеби овој момент додека го читате сето ова да биде и последниот. Тик – так, тик – так. Имаме таква способност, да се однесуваме толку небрежно кон времето, без да сме го направиле најважното – да живееме.

Да ги ловиме миговите. Да ја создаваме сегашноста. Зошто можеби, само тоа и го имаме.  Овој миг, кој може да биде потрошен безцелно, а кој може да биде и проживеан полноцено, максимално, како да е последен. Зошто да биде црно – бело кога може да биде и во боја?

Страшно е да загубиш близок човек. Тогаш разбираш дека ништо не е вечно…освен времето.

Ја согледуваш кршливоста на животот. Тогаш ти текнува за пропуштените шанси и мигови. Оние споделени мигиви, кои никогаш повеќе нема да имаш шанса да ги доживееш.

Чувството е безнадежност.

Но чекај, се уште си жив. Но знаеш ли уште колку? Никој не знае…Зарем не е доволен само воздухот што го вдишуваш и издишуваш…засега? Чуствуваш ли како времето тече? Не оставај да ти помине неусетно без да го видиш. Едноставно живеј вистински. За себе си и за луѓето до тебе. Зошто ниту ти, ниту тие се вечни.

Тоа е реалноста, тажна или не.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag