Зошто жените се вљубуваат во повозрасни мажи?!

popara16 април, 20121min00
s2

Голем е бројот на жените кои избираат мажот до нив да биде во позрела возраст. Секој дава различно објаснување на оваа појава, но науката издвоила две основни причини – еволуциона и психичка.

Од еволуциона гледна точка, би требало жената да избира помлади и физички посилни мажи. Но денес младоста не е најважната работа. Всушност, жената е програмирана така, за да мисли не само за себе си, но и за иднината на своите деца.

Според нежниот пол, зрелите мажи се постабилни и предвидливи. Ако еден маж има добра кариера и стабилни приходи, тогаш таа знае дека со тој маж има добра иднина за неа и нејзиното поколение. Освен тоа, возрасните мажи веќе ги проживеале своите луди години и се претпоставува дека во заедница целото свое внимание ќе го посвети на семејството.

Втората верзија на психолозите е на емоционална основа. Дури Фројд рекол дека жените потсвесно во образот на својот иден партнер го бараат својот татко. Без да сакаат тие веруваат дека тоа е идеалниот. Дека за нив ќе се грижи исто како што се грижел и родителот и дека ќе биде секогаш тука кога ќе затреба. Особено ова се однесува на децата на разведени родители. Девојчињата кои пораснале без татко, најчесто се вљубуваат во повозрасни мажи, несвесно надевајќи се дека од него ќе ја добијат љубовта што цел живот им недостасувала.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag