Зошто жените се заљубуваат по сексот?

popara7 август, 20121min00
seks

Жените можат да се поврзат со партнерот дури и кога е во прашање секс за една вечер, а мажите можат да станат зависни од секс.

Научниците од Универзитетот во Њу Џерси неодамна преку скенирање на женскиот мозок откриле дека за време на секс и оргазам се активираат 30 различни подрачја на мозкот, вклучувајќи ги оние делови одговорни за емоции, допир, среќа, задоволство и меморија.

Покрај тоа, студијата покажала дека во моментот на оргазмот жените не чувствуваат болка, само задоволство.

Клучниот хормон кој се ослободува за време на секс е окситоцин, а токму тој хормон е одговорен за тоа што со личноста со која сме интимни повеќе и веруваме. Остоцин е исто така клучен за поврзување со другото лице, бидејќи го зголемува нивото на емпатија.

Факт е дека во женскиот организам се произведува поголема количина на хормони, иако не се знае точната причина зошто е тоа така, но поголемото ниво на окситоцин во телото ја зголемува шансата за заљубување во партнерот по сексот.

Пороблем е тоа што телото не знае дали сексот се случува со личност која е само минлива авантура или потенцијален долгорочен партнер, па окстоцин се излачува во двата случаи.

Зголеменото ниво на овој хормон на жените може многу да им помогне да се поврзат и зближат со партнерот, но исто така може да ги наведе несреќно да се заљубат.

За разлика од жените, кај мажите за време на сексот се излачува хормон допамин кој не влијае на поврзување со партнерката, туку само предизвикува силно чувство на пријатност.

Токму допаминот е одговорен за предизвикување зависност од секс, па од таа причина повеќе мажи отколку жени се зависни од него.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag