12 златни правила за да изгледате добро на работното место

popara22 октомври, 201318min00
21

Секако дека на работа нема да носиме кратка маичка за да ни се гледа стомакот или екстремно краток шорц. Но постојат многу правила за кои не сте знаеле, а кои треба да ги применувате за да изгледате средено и пристојно на работното место.

Покријте ги подочниците

Ако имате подочници, ќе изгледате поспано, а никогаш не треба да изгледате уморно на работното место.

Нанесете пудра

Најдобро е да користите пудра која сосема одговара на вашиот тен. Пред да излезете од дома, застанете пред огледало на одалеченост од еден метар па погледнете дали од далечина вашата пудра е изедначено нанесена. Ако не е така, обидете се да ја поправите грешката.

Хидратација

Никој не сака да види сува кожа што се лупи. Хидрираната кожа ќе ви придаде свеж изглед.

Маскарата е задолжителна

Нанесете малку маскара и ќе изгледате будно, свежо, а со самото тоа и средени.

Малку боја на усните

Нанесете сјај во боја, кармин или лабело со што ќе ги истакнете усните. Но се да биде умерено. Тоа ќе привлече внимание на вашите усни и луѓето повнимателно ќе ве слушаат.

Не користете интензивни сенки

Во никој случај не треба да користите сенки во интензивни бои бидејќи ќе делува нападно и неумесно за на работа.

Без вештачки трепки

Освен ако не работите во телевизија, нема потреба да носите вештачки трепки.

Уредни нокти

Кратки, чисти, излакирани во неутрална боја, гласи правилото. Една од најголемите грешки се долги, вештачки нокти со изразени шари или бои.

Не претерувајте со парфемот

Луѓето не би требало да го почувствуваат вашиот парфем освен ако не ве гушнат.

Вештачки тен

Многу жени користат препарати за потемнување. Меѓутоа тоа изгледа многу лошо ако не е нанесено како што треба и во комбинација со кошула исфлекана околу вратот од средството.

Депилација

Ако носите нешто што може да ги изложи вашите нозе, задолжително нека бидат депилирани.

Маскирајте ги неправилностите

Многу луѓе имаат егзем или некој друг проблем со кожата кој не можат да го избегнат. Вистинската облека и шминка ќе бидат доволни да го скриете она што не сакате да се види.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma