Ви се чини ли дека љубовта е болна? Дали мислите дека секој маж ќе ве изневери? Верувате ли дека колку и да се обидувате да останете во хармонија и љубов, резултатите се само привремени? Ако одговорите барем на едно прашање позитивно, значи следниве редови се токму за вас! Прочитајте ги овие 15 правила за врските и потрудете се добро да ги запомните.
* Не сите мажи ја сваќаат ромнтиката онака како што ти ја сваќаш. За него може да е романтичен гест да го исфрли ѓубрето, на пример. А ти да чекаш цвеќиња и бомбони.
* Не си виновна само ти, не е виновен ни само тој! Преземете одговорност и барајте ги причините за недоразбирањата и кај двајцата.
* Ниту еден маж не ги сака кралиците на драмата. Дури се згрозуваат од ваквите девојки.
*Твоето молчење нема да го натера да престане да те повредува! Кога имаш проблем, кажи му го тоа, не се затворај во себе.
* Вие сте тим! Нема победници, нема поразени, нема трка!
* Љубовта е комплексна мешавина од емоционална приврзаност, физичко привлекување и хармонија. Ако едното недостасува, тогаш едноставно нема да се добие тоа меѓу вас.
* Дама во општеството, ку.ва во кревет – тоа е идеал за жена на секој маж.
* Има мажи кои ги изразуваат своите чувства со активности, не со зборови.
* Секоја врска има подеми и падови. Но треба да се научиш да го разликуваш падот од безперспективноста.
* Здодевноста може да ја убие и најсилната љубов.
* Вие сами не сте доволни! Не го занемарувајте социјалниот живот.
* Колку повеќе крици, толку помалку тие слушаат.
* Игнорирајте ги желбите, но не и себе.
* Само доброто раѓа добро!
* Најголемата грешка на жените е тоа што посветуваат страшно многу време за да го сменат мажот до себе. И откако сепак ќе успеат, се будат еден ден и велат: “Ти не си човекот во кого се заљубив…”