20-годишна девојка заробена во тело на четиригодишно дете

popara16 јануари, 20131min00
zalno

Американката Брук Гринберг пати од нарушување „Синдром X“, поради кое не може да расте и кое е голема енигма за лекарите кои веќе со години не можат да најдат лек. Иако има 20 години, девојката изгледа како четиригодишно дете. И, како сето тоа да не е доволно, нејзините когнитивни способности се на ниво на дете од една година.

Како што велат нејзините родители за емисијата „Кети“, Брук, која е родена во 1993 година, не може да говори, има заби како на дете и патува со количка за бебиња.

Нејзиниот татко Хауард Гринберг истакнува дека Брук растела само од првата до четвртата година.

„Почна малку да напредува, меѓутоа, после четвртата година престана и остана на истото ниво на раст. Од тогаш не порасна ниту сантиметар“, вели очајниот татко кој покрај Брук ја има и 17-годишната ќерка Карла.

Несреќната девојка ја прегледале најугледните лекари кои веќе со години не можат да пронајдат лек за нејзината болест која ја дефинираат како „Синдром X“.

Доктор Ерик Чад вели дека Брук нема зголемен број на хромозоми и дека ендокриниот систем сосема нормално и функционира.

„Нејзиното нарушување е медицинска енигма. Навистина никој не знае што предизвикало застој на нејзиниот телесен раст и ментален развој“, вели д-р Чад.

Научниците тврдат дека деталното истражување на состојбата на Брук би помогнало во пронаоѓање лек за други болести, како Паркинсовата и Алцхајмеровата болест.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag