Девојки имаме неколку интересни идеи за вас!
Сигурни сме дека знаете колку е тешко во лето да ја одржиш косата во безпрекорна форма. Особено ако си на море, фризурата ја губи формата од влагата, водата ја суши и станува тврда од солта…Со оглед на тоа имаш потреба да ја миеш и оформуваш постојано. А тоа не е воопшто полесно за здравјето и добриот изглед на косата.
Токму затоа решивме да го споделиме со вас ова видео. Тоа ќе ви даде 5 одлични идеи за фризури за следните 5 дена. Убаво е што фризурите не бараат да ја миете косата секој пат, а со тоа ќе ја заштитите косата од дополнително оштетување.